ВМРО-ДПМНЕ: Тајкуните и криминалците се во СДСМ

Поимот тајкун е творба на СДСМ. Тајкуните и криминалците се во СДСМ.
Почнувајќи од кланот Заеви па надоле.
Заев не може да се искупи од одговорност за случајот Рекет. Рекетирање во име на ослободување од обвиненијата од СЈО во период од неколку години не е можно без Катица Јанева и нејзиниот директен претпоставен Зоран Заев.
Заев не е и не може да биде аболициран од одговорност за случајот „Рекет“.
Заев треба отворено да каже зошто со години негов чест гостин беше Боки Тредичи, зошто целата негова влада и половина партија имаат слики со Јовановски?
Дали се вистина наводите во некои медиуми дека чанта со пари од аферата Рекет завршила на Илинденска?
Дали некој се сретнал или не со некакви тајкуни Заев нека провери кај неговата заменичка Шекеринска.
Стравот и паниката кај Заев е показател дека е свесен дека паѓа и му нема спас. Одговорност за се што стори до сега ќе има.
Одговорност за Заев, како и за сите извршители и помагатели во Рекет, како и другите случаи ќе има. Македонија мора да биде правна држава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
