ВМРО-ДПМНЕ: Судството да не потклекне пред заканите на СДСМ
Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ. Судиите мора да го задржат професионалниот кредибилитет и интегритет и да судат по закон без разлика на заканите за нивно разрешување ако не се покорат на волјата на Заев, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.
- СДСМ е водена од аболициран криминалец и врши континуиран притисок врз судството. Македонија еднаш виде како изгледа кога СДСМ во еден ден менува 617 судии и обвинители со такви по свој терк. Јавноста со свои очи виде и како експонентот на СДСМ во правосудството СЈО си ги штити своите пулени. Јанева го ослободи Верушевски, го аболицираше по втор пат Заев и спроведува отворена хајка против ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Судството, како што потенцираат од партијата, не смее да потклекне пред заканите на СДСМ.
- Поради ваквите криминални уцени на СДСМ граѓаните го поразија десетти пат по ред и не му ја дадоа својата поддршка, и покрај обидите на СДСМ на криминален начин да купува гласови и да ја фалсификува демократијата во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда