ВМРО-ДПМНЕ: Судот за едни е мајка, а за други маќеа

„Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите. Судот за едни е мајка, а за други маќеа.
Вчера, по којзнае кој пат, повторно беше одложено рочиштето во кое што Зоран Заев е обвинет за поткуп од 200.000 евра. Судот три години не може да одржи рочиште, а надлежните судии и обвинители, што би рекол Заев „се тепаат” за да му угодат и да не го вознемируваат.
Истовремено, без никаква правна основа судот веќе три месеци им го продолжува притворот на патриотите заради измислен тероризам.
Иронијата да биде поголема, откако ќе биде изречен 30 дневниот притвор, судот дури по истек на 25 дена ги разгледува жалбите.
Ова не е правда, туку неправда. Политичка, а не судска.
Судот докажа дека е соучесник во овој политички монтиран процес. На неправедно обвинетите веќе 3 месеци им се ограничува слободата со изрекувањето на мерката притвор.
На никој не му е јасно зошто Судот ги игнорира сите факти дека обвинетите не можат да го повторат делото за кое се товарат, бидејќи не сториле терористички акт. Тие немале и немаат никаква намера да ја напуштат државата или пак на било каков начин да влијаат врз истрагата.
Против Чавков, Мукоски, Василевски и сите останати неправедно обвинети се води политичка монтирана хајка со обвинение за тероризам. Овие луѓе не се терористи. Тие се доктори, пратеници, интелектуалци кои секогаш застанувале зад интересите на Република Македонија.
Доста веќе притворот да се искористува во политички цели! Судовите мора да престанат да си поигруваат со законите.
Институциите не смеат да се стават во функција на СДСМ. Тие мора да бидат секогаш во служба на граѓаните.
Со вакви конструирани и монструозни обвиненија се прави пбид да се заплашат сите оние кои ќе се осмелат да го кренат гласот против оваа неспособна власт. Законите мора да важат подеднакво за сите. Сведоци сме на политички прогон против сите оние кои не размислуваат исто како СДСМ. Тоа мора да запре.
Само независен и праведен суд ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
