ВМРО-ДПМНЕ: Судот вчера падна под притисок и донесе срамна одлука

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е срамна одлуката за притвор која вчера ја донесе Судот и оти нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија.
- Вчерашната одлука на судот го погреба концептот на правна држава. Судот вчера потклекна на притисоците и стана дел од сценариото на СДС и СЈО со кој започна да ги заплашува сите кои не размислуваат како Зоран Заев. Целта на овој притисок е јасна, да се заплашат сите оние кои се подготвени да се спротивстават на престојното распродавање на националните и државни интереси. Пораката на вчерашната одлука е или сите ќе клекнете на колена и ќе се откажете од борбата за Македонија или сите ќе заглавите во затвор, рече Орце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјавата пред Апелацискиот суд и нагласи дека со тоа интегритетот и независноста на судството е доведена во прашање.
Им порачуваме, посочи, никој нема да го исплашите, особено не тие кои се подготвени да стојат на браникот на државата и нејзините интереси.
- Ништо не е вечно. ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се врати на власт и сите срамни и неправедни одлуки ќе бидат преиспитани, а секој што не работел согласно закон, туку под политички диктат ќе сноси одговорност, потенцира Георгиевски.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
