ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот потврди влијание врз судството и притисок врз новинари
Пoстојат примери на погрешно судско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста, констатира Стејт департментот во најновиот извештај за Македонија.
Заев и Маричиќ добија црвен картон. Нема повеќе продолженија, нема повеќе развлекување. Власта мора да ги тргне рацете од правосудството.
Заев го користи ваквото правосудство и за притисок врз новинари и неистомилсеници, што е констатирано во извештајот, во делот на притисоците кон медиумите и прогонот на новинари.
Во Македонија под Заев слободната мисла е само мисловен поим, но никако и реалност. Заев ја зароби државата, а потврда за тоа е извештајот на Стејт департментот.
Сите лаги дека блескаме, паднаа во вода. После извештаите на Транспаренси, пишувањата на Економист и Блумберг, ова е уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминогеноста на власта.
Криминалот, корупцијата и притисокот врз судството ќе го снема кога ќе падне и Зоран Заев, се до тогаш Македонија ќе биде заробена држава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија