ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на сиромаштија секојдневно расте, над 500 илјади граѓани се сиромашни
Откако Заев е на власт стапката на сиромаштија секојдневно расте.
Над 500 илјади граѓани во Република Македонија се сиромашни. токму овој податок говори колку реално владата на СДСМ се залага за социјално ранливите категории на граѓани.
Пратениците од пратеничката група на СДСМ не ги прифатија амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата.
Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.
СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.
Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.
Власта реално да се грижеше за социјално ранливите категории немаше сиромаштијата да достигне до 500.000 граѓани во Македонија. Заев да сакаше да помогне немаше да ги скрати сите мерки кои се од корист на граѓаните, а донесени во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

