ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски една недела молчи за акцијата „Планина“
Спасовски една недела молчи за бегството на наркобосовите од Грчец. Спектакуларно најавуваната акција „Планина“, заврши како „Ритче“. Врвот на власта ги спаси челниците на мафијата и им помогна да избегаат.
Невозможно е да пропадне полициска акција, ако затоа не помогне врвот на полицијата или власта. За успешно бегство се потребни голем број на информации, кои ги имаат само тесен круг на луѓе, а тоа се луѓето на Спасовски, тој самиот или Заев.
Потерницата која што ја распиша МВР е само замајување на јавноста.
Спасовски да каже дали и зошто има лица кои не се дел од потерницата на МВР, а биле вмешани во трговијата со дрога?!
Дали Спасовски ќе сака да ги замачка очите на јавноста со апсења на сосема други луѓе кои би оделе како жртва за вистинските наркобосови?!
Кој и кого штити Спасовски и Заев?!
Едно е јасно, мафијата во Македонија има држава, и тоа ќе биде така се додека Зоран Заев е на власт.
Ново на Сител
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
