ВМРО-ДПМНЕ: Со Власта на СДС и ДУИ образованието назадува

Оваа власт на ДУИ и СДС потрошија тешки милијарди евра народни пари, а уште ги немаат испечатено учебниците за учениците. Тое е свесно уништување на образованието и генерации на деца во Македонија. За ова мора да има кривична одговорност. Ги нема ниту најавуваните дигитални учебници, туку има само ПДФ материјали, кои родителите од свој џеб треба да ги печатат.
Се доведовме во ситуација кога сите земји работат на унапредување на наставата, ние да не можеме да обезбедиме учебници, нешто што е основно, што го имало со децении и што законски ги следи учениците. Наместо да напредуваме, ние со оваа власт назадуваме. Срамно и бедно.
Министерот за образование и наука, Јетон Шакири уште без срам вели дека тој и неговото министерство не биле одгвоорни за тоа што учениците немаат учебници. Според официјални податоци на државни институции, дури една третина од учебниците не се отпечатени. Па кој е виновен наставниците? Учениците? Родителите? Виновни и одговорни се тој и неговото министерство, но и епски неспособниот премиер Ковачевски, кој очигледно нема ни зрно храброст да му побара оставка или пак да го разреши. Ковачевски молчи и бега, а кога некој ќе го соочи со оваа тема, тогаш лаже, суши и обвинува други.
Ковачевски и неговата влада се директно повикани за оваа катастрофа во образованието и за сето ова ќе бидат казнети од народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
-

Австралија се бори со најлошите шумски пожари од „Црното лето“
-

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено
-

Приведени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Приведен тетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години
-

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата
