ВМРО-ДПМНЕ: Со средства од буџетот да се обезбедат три дополнителни статични и четири мобилни мерни станици за аерозагадувањето
СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот. Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат невладините активисти и граѓаните.
Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено ништо за да го намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.
СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.
Решавањето на алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и лубриканти, наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.
Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот.
Неспособната СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.
Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.
Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите.
Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди