ВМРО-ДПМНЕ: Со парите од задолжувањата можеше да се модернизира железницата
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение посочува дека со парите од девизните резерви и аукции подигнати во изминатите три месеци, Владата на СДСМ можела да направи сериозни вложувања во железничката инфраструктура.
- Набавка на еден нов патнички воз на дизел или електричен погон, со кој би се превезувале и бенефит би виделе илјадници граѓани, чини околу 4.000.000 евра. Во изминатите неполни три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра. Со парите кои ги потрошија СДС и Заев можеа да купат дури 80 нови патнички гарнитури и сериозно да вложат во железничката инфраструктура, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ прашува на што се потрошени околу 334 милиони евра по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „парите се потрошени за луксузирања на СДСМ, наместо за потребите на граѓаните“.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија