ВМРО-ДПМНЕ: СЈО има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е алатка на СДСМ за политичка манипулација и пресметка и има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство, а случаите за кои покрена обвинение се неиздржани, без докази и се засноваат на политички, а не правни квалификации, смета ВМРО-ДПМНЕ.
- Нема ниедно друго образложение за ова што го прави СЈО, освен политички обид за изолација и оцрнување. Тоа беше и основата на конструкцијата на сите случаи кои ги покренаа. Еден од тие случи за кој се крена голема фама од СДС, а кој СЈО го употребува за политичка борба е случајот ТЕНК. Имено водеа политичка хајка за набавка на блиндираниот автомобил, а сега владата на СДС продолжува да го користи. Велеа дека бил уништен и изгребан, па откако го сликаа и купија денот со сликање, го изгланцаа и ставија во погон за превоз на делегации, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на СЈО.
Тој посочи дека самиот случај е правен преседан, бидејќи за набавка на автомобилот е спроведен тендер, а по изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки.
- Автомобилот е набавен поради тоа што постојниот беше две децении стар, амортизиран и со помината безбедносна ефикасност. Македонија сега има барем едно репрезентативно возило. Токму СЈО направи политички случај кој е извор на манипулации и дезинформации. За имот кој останува во наследство на Република Македонија, рече Костовски и додаде дека тоа е уште еден еклантатен пример со кој се докажува пристрасноста и политичката хајка која ја води СЈО.
Посочи дека СЈО и Заев се плашат дека вистината за тоа што го прават ќе излезе и надвор од Македонија и ќе ја дознаат многу пријатели на Македонија.
- СЈО има добиено наредба политички да го напаѓа ВМРО ДПМНЕ и нејзиното раководство. Се обидуваат на секаков начин да ја оцрнат и заслабат партијата. Затоа бараат мерки само против пратеници и функционери на партијата. Затоа бараат без никаков аргумент да се одземат патните исправи на 50 функционери само на ВМРО ДПМНЕ и никој друг, потенцира Костовски.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството