ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата енормно се зголеми откако СДСМ дојде на власт
Сиромаштијата енормно се зголеми откако СДСМ дојде на власт.
Моментално во земјава околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мали деца.
Доколку СДСМ вистински се грижеше за граѓаните немаше да го укине и додатокот за трето дете, мега проект кој беше од голема помош за семејства кои сакаа да имаат повеќе деца.
Владата на Заев влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.
Според економските експерти за Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации.
За жал и со новиот мегаломански буџет, сликата ќе остане иста. Ќе се ограбат граѓаните со зголемени давачки и казни, а криминогената власт најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе го троши за сопствен луксуз и богатење.
Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово