ВМРО-ДПМНЕ: Секој ученик ќе има учебник

Во областа на образованието ВМРО-ДПМНЕ има неколку приоритети, меѓу кои главно е учебник за секој ученик во основното образование навреме. Оваа влада на СДС и ДУИ наместо конкуренција на концепти за образование, правеше натпревар кој поголема провизија да земе од печатењето на учебници, а резултат беше учениците да немаат учебник.
Освен што не обезбедија учебници за секој ученик го урнисаа образовниот систем, па така немаме мотивирани наставници кои имаат трудови со импакт фактор, немаме ни универзитети меѓу првите илјада на Шангајска листа. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ова ќе го промени.
Прво, потребно е да се поработи на мотивација на наставно образованиот кадар. Тоа ќе се направи на тој начин со тоа што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата.
Второ, ќе направиме се за да има универзитет меѓу првите илјада на Шангајската листа. За ова потребни се два столба, еден државата да инвестира на пример во околина, услови за научно функционирање, опрема и слично, втор столб е обврска за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
