ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ започна со партизација на цела Македонија
СДСМ почна да ја партизира администрацијата во Република Македонија, за што говори и тоа што за прв човек на Агенцијата за администрација назначи не само партиски човек, туку и член на извршниот одбор на партијата Спасе Глигоров, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
- Глигоров беше даден како предлог за директор на Агенцијата за Администрација. Тие донесувајќи го овој предлог ветуваа односно утврдија дека Спасе Глигоров ги исполнува сите криеруми кои што се дадени за назначување на директор на Агенцијата за Администрација, меѓутоа Спасе Глигоров меѓу кои и изјавата дека тој не е висок партиски функционер во самата СДС. Но Спасе Глигоров дури на 30 јуни со изјава на нотар се откажал од вршењето на својата партиска функција. Ова е навредливо потценување на интелигенцијата на јавноста која многу добро следи и знае што се случува, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа спорни се и „одработувачите и профитерите од екс-невладиниот сектор кои влегуваат во владата дури и побргу отколку кадарот на коалициските ДУИ или ДР-ДПА.
- Повеќе од 9 милиони денари секоја година е висината на платите на годишно ниво само за последните 13 советници на Заев вработени во еден конкурс. Оваа сума е неколку пати повисока кога ќе се пребројат сите вработувања на соросоидите кои дивееа по улиците лажејќи дека биле коректив на власта, а целта им беше да седнат по фотелји на државна сметка - и тоа денес им е јасно како ден, истакна таа.
Додаде дека невладиниот сектор кој бил приватизиран од СДСМ, сега отиде под стечај и ќе биде ликвидиран, а сметката за тоа, рече, ќе ја плаќаат граѓаните со десетици милиони денари годишно, кои можеле да се искористат за пониски цени на лекови, нови спортски сали, игралишта и градинки...
Казната за ваквите партиски вработувања, како што потенцира, доаѓа редовно, а СДСМ ќе ја искуси веќе на првите наредни избори.
Ново на Сител
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни