ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ
СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ.
Наместо живот, Зоран Заев донесе чемер и јад. Граѓаните се чувствуваат несигурно и понижено. Тие се разочарани и осиромашени. Победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие.
Судството стана партиска испостава на СДСМ, а реваншизмот и прогонот на политичките неистомисленици на Заев, негова основна цел. Заев однапред ги најавува пресудите по обвиненијата креирани од него.
Македонската економија е пред колапс, а резултатите од неработењето на Владата се евидентни. СДСМ изработи една голема нула во економијата. Толкав е растот за 2017 година, а подеднакво очајни се и 0,1 процент за првиот квартал од 2018 година. Трагедијата е поголема бидејќи ова се случува во време кога економијата во регионот и во Европа расне со забележително темпо заради поволната бизнис клима. Кај нас градежништвото е во слободен пад, а со себе повлекува надоле и огромен број други стопански гранки.
Цените на основните продукти потребни за живот се во пораст, додека платите и пензиите стагнираат. Граѓаните осиромашуваат.
На меѓународен план Македонија е понижена со низа на капитулантски договори, со кои Заев се откажа од се што е македонско. Заев иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе го заштити името,
идентитетот и јазикот, го потпиша капитуланскиот договор со Грција. Заев се откажа од името, идентитетот, историјата, јазикот и македонското малцинство во соседството.
На оваа ненародна власт мора да и се каже доста е. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица.
Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи!
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари