ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да го осуди Вице Заев за рекетот, вака се само портпароли на една приватна компанија на Заеви
Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев, говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви.
СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него.
Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола.
Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава.
Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице.
Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.
И покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев. Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
