Македонија
27. May 2021 - 9:03

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да го осуди Вице Заев за рекетот, вака се само портпароли на една приватна компанија на Заеви

Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев, говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви.

СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него.

Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола.

Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава.

Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице.

Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

И покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев.  Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ