ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да манипулира за долгот
Јавниот и државниот долг се намалени во последниот квартал на 2016 година, а СДСМ секогаш кога манипулира тоа го прави на штета на македонската економија и граѓаните на Република Македонија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на СДСМ.
Се додава дека СДСМ со своите лаги и кодошење на Македонија на нејзините граѓани во случајот со издавањето на еврообврзницата им направи директната штета од 25 милиони евра, што е рамно на финансиски тероризам.
- Истите финансиски терористи од СДСМ им нанесоа штета на граѓаните од 4 милиони евра по основ на камати на предвреме повлечени депозити поради кревањето на лажните паники за девалвација на денарот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и со ниту едно лажно соопштение не можат да го покријат фактот дека Македонија се уште е меѓу најмалку задолжените земји во Европа.
ВМРО-ДПМНЕ додаваат во реакцијата дека квазиекспертите од СДСМ со ниту една весела математика не може да покријат дека Македонија успешно ги менаџира јавните финасии и тоа не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и сите релевантни светски институции, како Евростат, Светска банка, ММФ, кредитните агенции Фич и Стандард и Пурс.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите
-
Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари