ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да избега од дебата во Собранието за пожарите

СДСМ сака да избега од дебата во Собранието на Република Македонија за пожарите кои ја зафатија целата држава. Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство преку празни изјави и багање од дебата пробуваат да ја прикријат неспособноста на Владата да се справи со важни и сериозни проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Ова се наведува во соопштението од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ во Собранието на Република Македонија Петре Шилегов.
- Владата заедно со парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, на најарогантен начин покажуваат дека не ги почитуваат граѓаните и нивните проблеми. СДСМ секојдневно покажуваат и докажуваат дека не ги интересираат проблемите на граѓаните, туку само функциите и фотелјите во кои се сместени, се вели во реакцијата.
Веќе извесен период, како што се наведува, во Собранието се избегнува дебата за повеќе суштински проблеми кои ги мачат граѓаните како што се дивата депонија во Струга која секојдневно ги гуши стружани повеќе од два месеци, земјотресите во охридскиот регион, заразната болест хеморагична треска во општина Гостивар, договорот за добрососедство со Бугарија и уште многу други теми од кои што СДСМ сака да побегне.
- Со оваа прес-конференција гледаме дека на пратениците на СДСМ им смета и не сакаат да се дискутира за пожарите кои ја зафатија целата држава. Ги потсетуваме пратениците на СДСМ дека не се избрани да ги штитат интересите на Владата, туку интересите на граѓаните на Република Македонија. Доколку пратениците од власта молчат и работат искучиво во интерес на Владата, опозициските пратеници се спремни со критика да работат во интерес на граѓаните и во интерес на Република Македонија, стои во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
-

Во Албанија поплавени околу илјада домови, евакуирани стотина семејства
-

Владата додели над 33.000 ваучери , 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
-

Се обидувал да украде мопед, приведен крадец во Прилеп
-

Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени
-

Шампионот Јанта Волеј го претрпе третиот пораз во низа
