Македонија
27. January 2019 - 15:01

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.

Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седиштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ.

Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила.

Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби.

Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија.

Ова не е правна држава. Дали граѓаните на Република Македонија се должни да го плаќаат приватниот превозот и приватните партиски состанови на СДСМ?

Дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас?

Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата.

СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓанитена Република Македонија.

Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт.