ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема мнозинство и државата страда

СДСМ криминална наместо да држи празни прес конференции, да започни да работат во интерес на граѓаните.
Тоа дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи собранието е ноторна лага, а еве и неколку факти:
1.Економските мерки за помош на компаниите од петтиот сет на мерки на владата беа најавени уште во декември минатата година. За истиот министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека во собранието во форма на закон ќе биде доставен на 16 февруари година. Денеска сме 13 март а нема ниту најава кога и дали воопшто истиот ќе биде донесен. Толку од лажната грижа на СДСМ и Заев.
2.Стопанството се жали дека поради неспособноста на владата ,поради каснење на економските мерки но и поради недоволните мерки се принудени да ги отпуштаат работниците.
3.Заев го губи тлото. Повеќе од месец дена собранието беше затворено поради тоа што Заев нема мнозинство.
Наместо да се држат празни прес конференции, обвинувајќи ги другите за неспособноста и некадарноста на Заев и владата, СДСМ нека побара одговорност од нивните пратеници кои освен што исполнуваат наредби од Заев, друго ништо не прават.
ВМРО-ДПМНЕ работи за доброто на граѓаните и нуди добри законски решенија од кои најголем бенефит ќе имаат граѓаните се со цел подобрување на животниот стандард и реална помош онаму каде што е потребна.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи закони кои не се во интерес на народот.
Економијата тоне, а СДСМ продолжува со политиканство. СДСМ е најголемиот кочничар на законите, СДСМ нема мнозинство и државата страда.
Доаѓа време на одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
