ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не смее да ги игнорира проблемите на земјоделците
СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми на земјоделците и мора да ги решава проблемите со кои се соочуваат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение.
- Земјоделците очекуваат новата Влада да ги решава нивните проблеми. СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее заради несериозниот пристап да страда основна гранка за егзистенција на многу семејства во државата. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а достигнуваше и до 50 денари за прва класа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се потсетува дека додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите.
- Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на владите на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме имале слух и сме ги решавале проблемите правовремено, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари