ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за сиромашните граќани
СДСМ во манирот на лагите од 15-ти септември продолжува да ја замајува јавноста. Тие кога имаа можност да направат нешто за сиромашните граѓани во Македонија не мрднаа со мал прст, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ дека планираат да воведат енергетски ваучери за струја и затоплување.
- Каде беше грижата на СДСМ за цената на струјата и енергенсите во време кога беа на власт и кога со „Бомбона бизнис“ го продадоа Електростопанство на Македонија. Граѓаните не веруваат во лицемерието и лажното душегрижништво на СДСМ, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека таа е партијата која предложи и реализира проект заштита од енергетска сиромаштија. Преку овој проект, кој отпочна во 2010 година, се субвенционира потрошувачката на енергија на секое семејство на корисници на социјална помош. Секое семејство добива неповратни средства како субвенција. Во 2010 таа помош измесуваше 600 денари, во 2012 се зголеми на 700, а од 2015-та субвенциите изнесуваат 800 денари. Дополнително за ранливите категории на граѓани се спроведе отпис на долгови кој изнесуваше околу 2 милијарди денари, укажуваат од партијата.
- Тоа се конкретните мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети и ги спроведе со цел да им излезе во пресрет на ранливите категории на граѓани. Затоа граѓаните на последните избори дадоа огромна поддршка од 455 илјади гласови, бидејќи знаат да ја препознаат разликата помеѓу лажната реторика на СДСМ и конкретните дела на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата од ВМР-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг