ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи никакви валидни и суштински реформи
СДСМ за овие три години ги осиромаши граѓаните и донесе мизерија во државата. Во Македонија скоро 500.000 луѓе живеат во сиромаштија додека секој трет човек е на работ на егзистенцијата.
Економијата е во очајна состојба и сите економски параметри го покажуваат тоа. Инвестиции нема, нови работни места нема, само бизнисите на Заев со марихуана цветаат.
Младинската невработеност е највисока во Европа додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.
СДСМ не направи никакви валидни и суштински реформи ниту за граѓаните ниту за младите. Секојдневно огромен број на луѓе се иселуваат од државата токму поради лошите политики на Владата на Зоран Заев.
Општеството не нуди никаква перспектива за граѓаните на оваа земја. Затоа СДСМ мора што поскоро да си замине за да почнат вистинските реформи во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за обновата да почне.
Ново на Сител
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија