ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ копира проекти на претходната власт

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски оценува дека СДСМ ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше.
- Додека СДСМ беше во опозиција постојано и гласно го критикуваше Законот за легализација на бесправно изградените објекти и ја обвинуваше тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека реализира популистички мерки, но сега кога тие се на власт, очигледно тоа веќе не важи, се истакнува во реакцијата и се дополнува дека поранешниот состав на пратениците на СДСМ на пленарната седница во 2011 година не гласале за Законот за легализација на дивоградби.
Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, недостигот на идеи и капацитет за реализација и испорачување на ветувањата кон граѓаните, Министерството за транспорт и СДСМ го надополнуваат со копирање позитивни проекти кои ги почнала ВМРО-ДПМНЕ.
- Министерството за транспорт и врски предводено од СДСМ, во изминативе 100 дена не реализираше и не започна ниту еден позначаен и капитален проект, не започна со градба на ниту еден локален или регинален пат, не започна со изградба на ниту една канализација или пак водовод, туку напротив, тие постојано се занимаваат со блокирање и стопирање на веќе започнатите капитални проекти, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
