ВМРО - ДПМНЕ: СДСМ ќе одговараат за директна штета од 25 милиони евра
Кире Наумов, Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за директната штета од 25 милиони евра која им ја нанесоа на граѓаните на Република Македонија, како и за обидот за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија, се подвлекува во пишаната реакција од ВМРО - ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ.
- Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата, кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка. Дваесет и пет милиони евра е штетата која директно ја предизвика СДСМ, се појаснува во реакцијата.
Овие пари, истакнуваат од ВМРО - ДПМНЕ, кои можеа да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, ќе завршат во туѓи џебови само, се вели, поради финансискиот тероризам на СДСМ.
Во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ потсетуваат дека ова не е првпат СДСМ на чело со Заев свесно да креираат паника.
- Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника натераа граѓани, без постоење објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати. СДСМ се грижи само за личното богатење, нарушување на угледот на Република Македонија и одржувањето на состојбата на криза и агонија за граѓаните, бидејќи само во таква состојба СДСМ е фактор во државата, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ.
Интересот за издадената еврообврзница, потенцираат, е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ водат поразувачки политики со единствена цел да и наштетат на Република Македонија.
Ново на Сител
-
100 килограми марихуана запленети во Струмица | ФОТО
-
Пронајдени двајца починати мажи во тетовско
-
Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги нема, има соодветна замена
-
Струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар
-
Маж нападнат од својата партнерка на паркинг во Кисела Вода
-
25-годишник со „мерцедес“ излетал од патот, тешко повреден 18-годишниот сопатник
-
Земјотреси со јачина од 3,9 и 4,2 степени според Рихтер во северозападна Турција
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон