ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја урива економијата на државата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на премиерот Зоран Заев наведува дека „премиерот и Владата со катастрофалната и расипничка политика во изминатиот период ја повлекле економијата во надолна линија“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со галопирачко темпо ја урива економијата во државата и поради непродуктивните трошења и енормните задожувања ја довеле државата пред банкрот.
- Во изминатите три месеци, наместо ветуваните пет проценти покачување на пензиите, СДСМ повторно по којзнае кој пат ги прелага пензионерите и пензиите им ги покачи за скромни 180 денари.Лошите економски политики на СДС и Заев, допринесоа во Република Македонија прв пат после многу години имаме пад на индустриското производство за 2,2% и пад на просечните плати за 0,7%. СДС и Заев, ветуваа повеќе пари за граѓаните и компаниите пред изборите, но сега наместо намалување на трошоците, најавуваат драстично покачување на даноците, стои во реакцијата.
Се додава дека во Македонија првпат од 2006 година има 100 милиони евра помалку странски инвестиции во јули годинава, за разлика од истиот период лани.
Ново на Сител
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
-
Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
-
Сончево и топло, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини