ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја продолжува кризата во државата

СДСМ ја продолжува кризата во државата, а со тоа го оневозможува реализирањето на проектите содржани во програмата „Реално“ за коишто гласаа мнозинството граѓани во Република Македонија, истакна денеска на прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ со своето неодговорно однесување, посочи тој, ги опструира многуте проекти коишто се во интерес на граѓаните. Нагласи дека еден од проектите кој требало да отпочне годинава е проектот „За рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“.
- Со овој проект треба да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии имоти пропаднаа во транзицијата создадена и спроведена од СДСМ. Преку законските измени кои што се предвидуваа треба да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат и да ги стават во функција за вршење стопанска дејност, истакна Кржалоски.
Потенцира дека за овој процес предвидено е да се понуди државна помош со цел креирање на што е можно повеќе работни места, со акцент на ангажирање на поранешни вработени – стечајци.
За креирање на секое работно место, појасни, предвидено е државна помош од 2.000 евра, а за ангажирање на стечајни работници 4.000 евра под услов да се задржат на работа минимум 5 години.
- Дополнително пакетот мерки, предвидува и готовински грант во изност од 10 отсто од инвестираната вредност за адаптација, реконструкција и набавка на опрема. Исто така се предвидува ослободување на плаќање данок на добивка во рок од 2 години, а персонален данок и социјални придонеси во рок од 3 години доколу вработените лица ги задржи најмалку уште 3 години, рече Кржалоски.
Според него, со овој проект и низата други бенефиции кои инвеститорите во стопанските капацитети – жртви на транзицијата ќе ги добиваат, ќе овозможат да се исправи една социјална и историска неправда којашто над 200.000 работници ја доживеале во време на владеењето на СДСМ. СДСМ, истакна, веќе две ипол години ја држи Македонија во заложништво, а со тоа ги кочи процесите за стопански и економски развој на државата.
- ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и покрај бројните опструкции да работи во
интерес на македонските работници и македонското стопанство, а со тоа да придонесува во унапредувањето на стандардот на граѓаните, но пред се во намалувањето на невработеноста. Благодарение на досегашните позитивни економски политики, стапката на невработеност од катастрофалните 39% во време на СДСМ, се намали на рекордно ниски 23,4 отсто. Односно се отворија над 170.000 нови работни места. ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го реализира, додаде Кржалоски.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
