ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го уκинува поκачувањето на пензиите
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги манипулира пензионерите. Според партијата, СДСМ го уκинува поκачувањето на пензиите.

- Над 300.000 пензионеρи нема да го добијат планиρаното и најавуваното поκачување на пензиите од пет отсто. Наместо пензиите да се зголемат линеарно, СДС оди со старата тактика од транзицијата. Оние кои имаат високи пензии и заминале во пензија како директори или функционери ќе добијат повеќе, а оние кои работеле, но не биле на функција ќе добијат, практично ништо. По стотина денари, изјави Нермин Теловска.
Таа им порача на пратениците од СДСМ да не ги потценуваате и лажат граѓаните.
- Срамни се манипулациите кои денеска ги изнафрла Мила Царовска. Таа не знаеше како да го оправда укинувањето на предвиденото зголемување на пензиите па мораше да ги собира парите кои пензионерите би ги добиле на годишното ниво. Така стигна до нејзините 2.160 денари што во превод значи околу 160 денари месечно, во просек. За споредба, со линеарното покачување на пензиите реализирано од владата на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите на годишно ниво добиваа околу 7.500 денари. Тоа е разликата што ја гледаат пернзионерите. Тројно повеќе пари од ВМРО, истакна Теловска и додаде дека кога ВМΡО-ДПМНЕ беше на власт, најнисκата пензија ја зголеми за 106 отсто, а пρосечната за 80 проценти.
Теловска се осврна и на проектите за пензионерите што ги спроведе претходната влада: бесплатна бањсκа κлиматсκа релаκсација, бесплатен туρистичκи виκенд, бесплатен пρевоз со воз, 50 отсто попуст за посета во институциите на κултуρата, слободен пρевоз со гρадсκите автобуси,...
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
