ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го прекршува Изборниот законик и Законот за спречување на корупција
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев директно го прекршуваат Изборниот законик член 8а и законот за спречување на корупција.
- Социјалдемократскиот сојуз свесно го прекрши законот за спречување на корупција, каде согласно даденото мислење на оваа институција од денот на донесување одлука за распишување на локалните избори до нивно завршување, постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори, да се разрешуваат и именуваат Управни и Надзорни одбори за кои владата има надлежност. Освен во случај каде нивниот мандат е завршен, при што може да се именува вршител на должност, ова денеска на прес-конференција го истакна Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Имаме прибавено обемна документација и докази за, како што рече, нелегално и противзаконско назначување на управни и надзорни одбори и незаконското именување и разрешување на директори и други раководни лица во институциите низ државата.
- За нив имаме докази дека се избрани и објавени во Службен весник по распишувањето на локалните избори, што овие управни и надзорни одбори и именувани и разрешени функционери ги прави нелегални и нивните дејствија и одлуки во самите институции по сила на закон се нелегални, рече Србов. Додаде дека пример за скандалозното и противправното работење на Владата на СДСМ и Зоран Заев е незаконското разрешување на директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасминка Поповска, а за нов вршител на должност на местото директор на Фондот е поставен Јово Деспотовски.
Тој потенцира дека законските основи за разрешувања или именувања се прекршени. - ВМРО-ДПМНЕ смета дека е најдобро незаконски именуваните и поставени лица во најкраток можен рок да си поднесат оставки, како што досега тоа го сторија двајца, рече Србов.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите