ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги остави Македонски шуми во огромни долгови
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ го оставила претпријатието Македонски шуми со долг од над 30 милиони евра само на име на неплатен ДДВ и уште 400 милиони денари неисплатени придонеси на вработените.
- СДСМ е партијата која не само што не направи ништо да го врати овој долг, туку не мрдна со прст нешто да направи и да инвестира во Македонски Шуми, било да се работи во модернизација на механизацијата, било во условите за работа на вработените, било во зголемување на шумскиот фонд, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Состојбите во ова јавно претпријатие се драстично подобрени во споредба со времето на СДСМ, а за тоа говорат самите факти.
- СДСМ има потреба бесрамно да лаже и да манипулира бидејќи не знаат како да се извади од скандалите во кои се заглавија до гуша со фабриката за афери на нивниот партиски член Захир Бекири Чаушот. Изборите на 24 април ќе биде денот кога СДСМ ќе биде казнет за својата деструктивна политика. Времето до народниот суд незапирливо тече, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?