ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е промотор и заштитник на се што е криминално

Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е не законско и криминално, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалците блиски до Заев, како што истакна, завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време.
Во контекст на тоа праша дали Зоран Заев знаел за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата.
- Вистинското прашање е зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат. Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или Примислав Димовски, праша Ѓорѓиевски.
Тој рече дека очекуваат истрагата да даде одговор на уште многу други прашања и додаде дека сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат.
- Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово, рече Ѓорѓиевски на прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
