ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со лаги и манипулации кон стечајците
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение на СДСМ за решавање на статусот на стечајните работници ја обвинува владејачката партија за лицемерие, манипулации и лаги кон таа категорија граѓани.
- Крајно лицемерно е СДС да зборува за социјална заштита и грижа за функционирањето на социјалните работници, кога во периодите додека беа на власт со прст не мрднуваа за подобрување на системот на социјална заштита во Република Македонија. СДС да престане со манипулации и лаги кон стечајците, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу останатото се наведува дека СДСМ мора веднаш да ја зголеми просечната плата на 30.000 денари, а минималната на 16.000, докторите да добијат 100.000 плата и да се отворат илјадници работни места. Мора, се додава, да се изградат новите 600 километри автопат наместо да се блокира изградбата на постојните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат