ВМРО-ДПМНЕ: СДС знае да управува само со лажни ветувања
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ уште не влезена во Владата почна да релативизира и оти се што ветуваа за избори сега го претставуваат како цел кон која тежнеат.
- Додека народот чека субвенции, поголеми плати, просечна плата од 30.000 денари како што ветуваа, тие смислуваат црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ се со цел народот да заборави на лажните ветувања кои СДС ги расфрлаше во изминатиов период. СДС знае да управува само со лажни ветувања и смислување на црни сценарија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо СДС, како што стои, „да спроведува реформи кои долго време ги најавуваше, тие организираат хистерични хајки против ВМРО -ДПМНЕ се со цел да се елиминира единствената политичка партија која деноноќно работи за националното единство и просперитетот на сите граѓани во државата“.
- Првата изјава на Зоран Заев затоа не е за покачување на пензиите или покачување на просечната плата до 30.000 денари. Првата изјава е за смена на Јавниот обвинител кој го гони затоа што барал поткуп од едно евро за Вице. Се поочигледно е дека Владата на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС нема што да понудат на македонскиот народ освен лажни ветувања, деструкција и страв. Поради тоа оваа влада не е реформска туку анти-реформска, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддшка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир