Македонија
18. November 2022 - 14:26

ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува за ланскиот снег

Јавноста преку аферата „Паразити“ го виде лицемерието на власта на СДС и ДУИ. Народот виде дека додека власта се правда дека нема пари за образованието, здравството, земјоделството, стопанството, се трошат милионски суми за плати и хонорари на нивните функционери.

Очигледно дека криза е за народот, ама нема криза за функционерите на СДС и ДУИ.

Сега СДС зборува за ланскиот снег, дури и овој месец, кога народот не знае како ќе го помине, паразитите од власта лапаат баснословни плати и хонорари.

Само за десетина функционери именувани од оваа власт за еден мандат се предвидени или  исплатени над 2 милиони евра. Ефектот од нивната работа е никаков, ама затоа џебовите им се наполнети до врв.

Дури студентите молат за некој денар повеќе, Љубе Бошковски за еден мандат инкасира 50 илјади евра, а никој не знае што работи.

Во време на криза кога власта бара народот да го стега ременот, да се тушира кратко и со поладна вода, да готви во мали тенџерчиња, функционерите именувани од СДС ги полнат до врв длабоките џебови.

Тоа се паразитите на грбот на народот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ