ВМРО-ДПМНЕ: СДС со ребалансот на буџетот крати пари за студентите
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека новата Влада со кратењето на Буџетот удира по студентите, а како што посочуваат од партијата како еден од доказите за тоа е тоа што со ребалансот на буџетот се кратат 75 милиони денари од парите наменети за изградба на новата зграда за ФИНКИ.
- На овој начин постои опасност и можност од стопирање и блокада на градбата на оваа зграда, наменета за идните генерации студенти. Овој непромислен потег на СДС со ребалансот на буџетот да скратат пари наменети за образованието им нанесува директна штета на студентите и идните генерации на студенти кои имаат планови да се образуваат на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, изјави денеска Јован Јаулески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за потребите на студентите и на идните генерации на ИТ инженери, со цел подобра стручност и поопширно изучување на информатичките науки го отворила Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и оти тој набрзо поставил врвни стандарди во образовниот циклус на студентите.
- Генерациите дипломци кои веќе имаат дипломирано на ФИНКИ високо котираат на пазарот на трудот. ВМРО-ДПМНЕ преку своите проекти имаше намера да им ги пружи сите можности за беспрекорно студирање. Но, СДС во моментов наместо да дава, крати од парите наменети за студентите. Ова е лицемерно однесување од страна на Зоран Заев, Богоев, Туфегџиќ, Дескоска, кои ги изманипулираа студентите за свои лични цели, рече Јаулески.
Додаде дека со ваквите нивни потези паднале маските и, како што рече, со нив и сите лажни ветувања за подобро образование.
Ново на Сител
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје
-
Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди
-
МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година
-
Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор, апелира Јанкоски од Народна банка
-
Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет
-
Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина
-
Пентагон повлекува 700 маринци распоредени во Лос Анџелес поради протестите