Македонија
9. January 2023 - 8:53

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето

СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, а на тајните состаноци со Арсовска, Ковачевски да побара реакција и од градот.

7 години откако е СДС на власт, а ниту една мерка за намалување на загадувањето не е преземена. Од потрошени 20 милијарди преку буџетите, ниту едно евро не е инвестирано за почист воздух.

СДС пред да дојде на власт имаше главно ветување дека ќе го намали загадувањето, 7 години подоцна воздухот е уште позагаден.

И не само што нема мерки на централно ниво, туку и во град Скопје, каде заедно со Арсовска ја делат власт, а и ЈСП кое директно го управуваат не прават ништо.

Наместо повеќе автобуси и автобуски линии, имаме хаос во ЈСП, а парите се трошат на договори за набавка на гориво, со кои претпријатието плаќа како да купува од бензинска, а не преку тендер тежок 27 милиони евра.

Ковачевски и Арсовска во интерес ги имаат само матните зделки, затоа Скопје и Македонија се гушат.

Потребни се промени и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи на решавање на проблемите и подобра иднина на народот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ