ВМРО-ДПМНЕ: СДС брутално ја партизира државата

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека по принципот „вработување партиски кадри од чистачка до директор“, кој Заев го најави како модел на владеење, СДСМ брутално ја партизира државата на сметка на професионалноста на државната администрација.
- Доказ за тоа е смената на 1.500 членови на управни и надзорни одбори, десетиците случаи на незаконски и неосновано отпуштање вработени во администрацијата, притисокот врз професионалците во МВР и другите министерства врз кои се вршат мобинг и закани за отпуштање, рече на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. Нагласи дека во институциите се вработуваат лица кои поседуваат партиска книшка на СДСМ која, како што рече, пратениците на СДС ја нарекуваат втора лична карта.
СДС, како што рече, подготви ребаланс на буџет каде се крати за се, а само се зголемуваат ставките кои ќе ги покријат партиските вработувања.
- Со ребалансот на буџетот се кратат капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување ниту на платата за 5 отсто за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици други проекти во интерес на граѓаните, потенцира Данев.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ предвидува пари на граѓаните за да се спроведат партиски вработувања и брутално да ја депрофесионализираат администрацијата.
- Десетици милиони денари ќе потроши СДС само за привремени вработувања во Владата, само до крајот на годината. На годишно ниво, повеќе стотици милиони денари пари на граѓаните ќе служат за вработувања на партиски војници на СДС и за профитерите од невладиниот сектор кои станаа владини чиновници. На граѓаните им е јасно: СДС им ветуваше живот, а вдомува партиски кадри, истакна Данев. Додаде дека СДСМ спроведува партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив.
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
