ВМРО-ДПМНЕ: САД го стави Рамиз Мерко и целото семејство на црната листа, шамар за владата на СДС и ДУИ
Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови.
Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД.
Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.
САД нотира дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди.
САД нотира дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери дел од криминалната коалиција СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери.
Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД.
Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат.
Потребна е одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово