Македонија
7. јуни 2022 - 12:08

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната стапка на инфлација е многу повисока – власта манипулира

Власта на СДСМ и ДУИ ја користи статистиката како шминка да ја катастрофалната состојба со инфлацијата. Додека основните продукти и потреби на граѓаните растат и до 100%, тие ја пресметуваат инфлацијата со стапка од само 10%.

Тоа е бесрамно. Реалната стапка на инфлација е далеку повисока доколку се земе предвид дека тоа за кое што граѓаните најмногу ги трошат семејните буџети е поскапено многу повеќе од 10%.

За неколку месеци лебот е поскапен за 100%, горивата исто така се речиси двојно поскапи, шеќерот само од април до сега се зголемил за 57%, млекото во споредба со лани е поскапо за 15%, маслото за јадење само од почетокот на годината е поскапено за 70%, брашното за една година е поскапо за 55%, а струјата за 30%.

Власта манипулираат со процентот на реалната инфлација вметнувајќи во пресметките производи кои граѓаните еднаш во годината или никогаш не ги набавуваат.

Стандардот стрмоглаво паѓа, а народот осиромашува. Власта не превзема никакви мерки тоа да го спречи.

Премногу е! Ова мора да престане.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ