ВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот

Во време на глобално поволна економска клима, растот на БДП и на платите во Македонија е најмал во регионот. Залудно СДСМ лаже и ја манипулира јавноста. Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните погрешни економски политики.
Фактите говорат дека македонската економија со СДСМ го допре дното. Криминалниот картел предводен од Зоран Заев ја доведе државата до питачки стап. Заради нивното расипништво повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и оваа бројка од ден на ден вртоглаво расте.
За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Власта која ветуваше дека нема да се задолжува сега не направи најзадолжена држава. Откако се тие на власт јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.
Неспособноста на СДСМ ја потврдуваат мизерните 2,05% раст на БДП, бројка што е многу помала од најавуваните 5 или 7%. Капиталните инвестиции за јануари годинава изнесуваат срамни 1% и е многу веројатно дека и годинава како и минатата година СДСМ нема да реализира ни половина од планираните капитални инвестиции.
СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија. Единствено што донесоа беда и сиромаштија. Неуспесите на економски план на Македонија може да запрат само доколку СДСМ си заминат. Токму затоа почетокот на падот на овој криминален картел ќе почне со претседателските избори кога ќе ја добија казната од македонските граѓани.
Ново на Сител
-

Пијан возач усмрти тричлено семејство во Белград
-

Двајца мажи се приведени во врска со грабежот на накит во Лувр
-

Ракометарите на Вардар продолжија со максимален ефект
-

Охриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци
-

Роми претепаа човек до смрт во Ново Место, предизвикаа гнев во Словенија
-

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје
-

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
-

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела
