ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Локалните избори во Охрид, со освоени најголем број гласови и на гласањето за градоначалник и на гласањето за листата идни советници во Советот на општината.
Пред партиските симпатизери на Градскиот плоштад се обрати кандидатот за градоначалник, Кирил Пецаков, кој рече дека има убедливо водство пред противкандидатот од СДСМ, Константин Георгиески, од некаде над две илјади гласа, но тоа се уште не значи победа во првиот круг.
– Овие избори покажаа дека цел живот е кампања, дека цел живот создаваш за да добиеш поддршка. И покрај многуте предизвици и многуте работи што сакавме да ги направиме, а не можевме. Изминаа четири години, со крената глава и достоинствено ја побаравме поддршката од охриѓани и вечерва ја добивме, рече тој.
Според Пецаков, добројувањето на гласовите од сите избирачки места ќе покаже дали победата е тука уште вечерва или за тоа ќе треба да се почека уште две седмици, но порача дека народот на Охрид, сите заедно ја дале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека доколку мора да оди на втор круг, граѓаните да немаат дилема дека резултатот ќе биде поинаков.
– Народот е свесен за потребата од промени, реков дека промените ќе почнат од Охрид, но за наша среќа промените почнаа во цела Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е пред формирање нова влада. Ние, новите градоначалници се тие што ќе бидат потпора на таа влада со резултати какви што заслужува секој граѓанин, рече Пецаков.
Според неофицијалните партиски податоци, на Пецаков му недостасуваат некаде околу 300 гласови за победа во првиот круг.
Ново на Сител
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење