ВМРО-ДПМНЕ: Продолжувањето на притворот на Талески е политички реваншизам
Ниту постои каква било вина кај градоначалникот Владимир Талески, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор. Напротив, Талески и вчера редовно се појави на покана на СЈО, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во врска со продолжениот притвор на Талевски.
Според партијата, Јанева без никаква причина побарала на Талески да му биде продолжен притворот поради, како што наведува во реакцијата, чист политички реваншизам и само за да се задоволат деструктивните нагони на Заев и криминалците околу него.
- Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз...Сега кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и Катица Јанева е се поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство и дека е тотално неуспешна и не поминува кај граѓаните. Народот ќе си дојде по своето на изборите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
-
Приведен 70-годишник од тетовско за предизвикување пожар
-
Работник повреден во фабрика во Кавадарци