ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува задолжувањето на Република Македонија
Владата на СДСМ и министерот Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
- Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат директно од македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на македонското стопанство, се користат за покривање на буџетската дупка, изјави Делев.
Посочи дека Владата на СДСМ за овој период ниту еднаш не се обидела да го намали јавниот долг како што ветувала, туку напротив, рече Делев, се повеќе долгот се продлабочува.
- Вистинското лице на владата на СДС се виде и со ребалансот на Буџетот со кој се предвидува дополнително задолжување од 150 милиони евра. Владата на Заев мора да запре со неконтролираното задолжување и да одговори на македонската јавност каде парите ќе бидат искористени, рече Делев.
Ново на Сител
-
МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево
-
СДСМ: 400 пожарникари без плата
-
За време на семинар се затруле со храна во ресторан во Куманово
-
ССК со предлог до Владата - Вишокот административци да го трансферираат во приватниот сектор
-
Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години партнерство: Македонија и САД ја зацврстија успешната соработка
-
Ле Риголер: Процесот на Европското приближување е процес на спроведување на реформи и трансформација