ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение
Проблемот во оваа држава не е опозицијата, туку проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение.
Единствената пролазна оценка на Ковачевски му е криминалот што најдобро се гледа преку изградбата на Коридорот 8, каде нема ставка од договорот каде безочно не се краде на ангро.
Вистината е дека Ковачевски единствено се грижи за иднината на своето семејство и за неговата сопруга да добие некое државно земјиште со почетна цена од едно евро како што тоа и го додели Координаторот на владата за се, Артан Груби.
Ковачевски може да биде лут што ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа сите предавнички договори на СДС и ДУИ, но за нас поголема грижа е што илјадници семејства се гладни.
Кога Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ давало примат на непотребни работи, а тој градел згради за семејства, реалноста е дека Ковачевски се грижи единствено за своето семејство.
Додека сопругата на Ковачевски прави бизниси, илјадници други страдаат во сиромаштија и се без работа.
Додека Ковачевски води грижа за неговото семејство чиј имот расте, илјадници други живеат во беда и сиромаштија.
Додека неговите деца се школуваат во приватни школи, илјадници други немаат ниту шанса за било какво образование.
А кога е коридорот 8 во прашање, еве една конкретна ситуација за која бараме одговор: Дали е точно дека за сите грешки кои приватната компанија ќе ги направи во проектирањето, финансиски одговорна на надокнади е државата?
Очекуваме одговор.
Проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение, со единствена пролазна оценка за криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
