Македонија
14. July 2019 - 16:04

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска, но само за предвремени избори - за СДСМ државата е во прв план

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, но само за предвремени парламентарни избори. Според опозициската партија не може да се разговара со власта за решение на спорните прашања околу статусот на СЈО, Изборниот законик и пописот наредната година кога проблемите ги создал токму Заев. Покана

Официјална покана за лидерска средба се упте нема иако премиерот вјавно повика на состанок, а тврдеше и дека постои комуникација меѓу двата кабинети, но дека засега одговорот од ВМРО-дпмне  бил негативен.

Од партијата на Заев пак, велат дека с еподготвени за разговар со политичките партии за сите прашања што се од интерес на гражаните, а не за оние од интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев побара на лидерскиот состанок  да се разговара за три прашања за кои власта и опозицијата имаат различни ставови: статусот на специјалното јавно обвинителство, пописот наредната година и нов Изборен законик. Средбата Заев прв пат ја спомена уште за време на претседателската кмапања во април, но до тоа никогаш не дојде.