Македонија
14. February 2022 - 8:52

ВМРО-ДПМНЕ: Преку Собрание ќе бараме покачување на пензиите за 20%, или во просек по 3.000 денари по пензионер

ВМРО-ДПМНЕ преку Собрание бара покачување на пензиите просечно за 20%,  или по 3.000 за пензионер, и повисоки плати, а СДСМ да не се крие и да поддржи покачување.

Лошата економска политика и високите цени кои се резултат на истата ги нагриза примањата на граѓаните. Најмногу страдаат пензиите.

Предлогот за покачување на пензиите за 20% или по 3.000 денари е предлог со цел да се анулираат лошите ефекти од кризата и пензионерите да не почувствуваат негативни ефекти од зголемените цени.

Воедно преку амандман на Законот за минимална плата ВМРО-ДПМНЕ бара усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средни училишта ќе достигнат до 45 илјади денари, а покачување ќе има и за административно техничкиот персонал.

СДСМ да не се крие и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ