ВМРО-ДПМНЕ: Повикуваме СДСМ да ја поддржи Декларацијата за македонскиот херој Гоце Делчев
СДСМ молчат за предлог Декларацијата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со која се афирмира заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту експертите, ниту пошироката јавност не гледа ништо спорно во тоа да се констатира огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на Гоце Делчев во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност. Дополнително во година кога се прославува јубилеј 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, нема ништо спорно во тоа да има институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев.
Очекуваме како што се сплотува јавноста околу една ваква Декларација, така да има сплотеност ид од страна на политичките субјекти на власт. Молкот на СДСМ само може да ги зголеми сомнежите дека власта на СДСМ подготвува пазар со националните интереси особено во делот на историското значење на гоце Делчев во македонската револуционерна борба.
Ново на Сител
-
Авантура со Defender, дестинација Козјак
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на „Скопскиот маратон 2025“
-
Протести во Мароко: Младинскиот колектив „ГенЗ 212“ бара оставка од владата
-
МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Израел тврди дека убил тројца припадници на Хезболах во јужен Либан
-
ЕУ го поддржува Планот на Трамп за Газа, но бара почитување на меѓународното право
-
Петти ден кампања за локалните избори