ВМРО-ДПМНЕ: Потврдени информациите за криминални активности на функционери на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на неодамна објавени документи од ЦИА денеска оцени дека се потврдиле информациите за криминални и коруптивни активности на поранешни функционери на СДСМ и порача дека за тоа мора да се одговара.
- Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век. Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се посочува и на имиња и активности на функционери од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека претседателот на СДСМ Зоран Заев нема да побара истрага за некогашните функционери, бидејќи сметаат оти не го интересира правдата, туку како таа да се избегне.
- Зоран Заев се опкружи со луѓе од негов ков - криминалци. Аболицираниот крииналец Заев нема да повика на истрага против своите некогашни функционери, бидејќи него не го интересира правдата, туку како таа да се избегне. Но, вистината е како шило - кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста. Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“