ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи за поништување на Законот за попис
Со поставени штандови на отворено низ градовите во земјава, ВМРО-ДПМНЕ започна иницијатива за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“.
Како што соопшти партијата, штандови на кои граѓаните можат да се потпишат за поддршка на иницијатаивата се поставени во Прилеп, Кочани, Делчево, Виница, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Тетово, Брвеница, Теарце, Јегуновце и низ други градови и населени места низ земјава.
– Денеска официјално почна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи против насилниот попис кој го турка Заев. Заев сака да спроведе политичка, наместо статистичка операција и да злоупотреби процес како пописот за политичка игра. Граѓаните во масовни бројки покажаа дека се против импровизациите на Заев, се наведува во партиското соопштение.
На Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој соопшти дека го дал својот потпис „против фалсификат попис“, за да се „спречи кражба“.
– Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката, наведе Мицкоски во објавата.
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се невдува дека „народот нема да дозволи Заев преку негов грб да се пазари и да подмирува коалициски долгови“.
– Попис може, но доколку тој биде реален, електронски, како ќе се дојде до јасна слика колку луѓе има во државата, и се друго потребно за институциите како податок. Попис може да има, но тој да биде исклучиво статистичка операција, кој ќе ја отслика реалноста, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска